Следува спектакуларна жрепка: Познати сите 16 учесници во нокаут-фазата на ЛШ

Со жрепка во Нион ги дознавме сите парови во осминафиналето на ЛШ/фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Во една незаборавна вечер се спушти завесата на групната фаза од Лигата на шампионите за натпреварувачката сезона 2022/2023. Ги имаме најдобрите 16 екипи, ждрепката за осминафиналето е в понеделник (7 јануари), а првите натпревари од нокаут фазата ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, додека реванш средбите на 7, 8, 14 и 15 март 2023 година.

На жрепката ќе има ограничувања, односно не можат да се сретнат екипи од иста земја, но и оние кои беа во иста група. По елиминацијата на Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, единствен кој ќе продолжи да ја претставува Македонија во ЛШ е Елиф Елмас со Наполи.

Прв шешир: Наполи, Порто, Баерн Минхен, Тотенхем, Челси, Реал Мадрид, Манчестер сити, Бенфика.

Втор шешир: Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, Лајпциг, Борусија Дортмунд, ПСЖ.

Дефинитивно очекуваме фантастични осминафинални двојки за осминафиналето, никој нема да ги сака ПСЖ и Ливерпул од вториот шешир, а Милан и Интер исто така можат да бидат незгодни.

Кога станува збор за Лига Европа, таму како третопласирани од групната фаза во ЛШ одат Ајакс, Баер Леверкузен, Барселона, Спортинг, Салцбург, Шахтјор, Севиља и Јувентус.

Овие екипи ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето на Лига Европа, а ривали ќе им бидат второпласираните од групната фаза на тоа натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот