Следниот 11 Октомври Спомен-костурницата во Куманово ќе биде во ново руво, ветува Спасовски

Фото: Kumanovonews.mk

Оваа состојба се повторува на почетокот на секоја грејна сезона, затоа што сопствениците навреме не си ги отстрануваат дефектите, а годинава поради неангажираност на институциите, во студени занимални и училници ќе престојуваат деца, ученици и студенти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во вчерашното гостување на кумановската телевизија „Плус“ беше запрашан за состојбата на Спомен-костурницата во Куманово, каде почиваат коските на повеќе од 300 борци од кумановско загинати во Народноослободителната војна.

Иако е споменик од прва категорија, Спомен-костурницата е со тешки оштетувања, со години и децении оставена без одржување властите. Таа постојано e и на мета на вандали и крадци, бидејќи нема никакво обезбедување.

Спомен-костурницата во Куманово е под надлежност на Министерството за култура, а за нејзината околина парковите, патеките, осветлувањето и хортикултурното уредување е задолжена Општина Куманово.

„Спомен костурницата е историски комплекс којшто има огромно значење, не само за Куманово и кумановци, туку и за државата, и за целиот македонски народ, и не само што е потребно, туку заслужува да биде обновена, затоа што сметам дека Куманово како град кој што беше носител во борбата против фашистите, град кој ги негува до ден денеска слободарските традиции на антифашизмот, тоа треба да го има, треба да го добие како поддршка од државата и нема да изостане таа поддршка”, рече министерот, кој и самиот е од Куманово.

Тој додаде дека кога беше технички премиер и во изборната кампања во 2020 година, било најавено дека за следниот мандат од четири години, еден од важните три проекти за градот ќе биде реконструкција на Спомен-костурницата.

„Навистина, јас ќе направам сè да се обезбедат финансиски средства за реконструкција на Спомен костурницата”, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот