Скопската архитектура ставена во двојна експозиција

Изложбата на фотографии со наслов „Урбана архитектура во двојна експозиција“ на Виктор Поповски од 4 до 16 јуни ќе биде поставена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

„Фотографиите се дел од проектот, со исто име како изложбата. Досега се направени околу шеесетина фотографии. Кога ќе бидат 100, би сакал да ги издадам во една фото книга. Идејата започна како експеримент со разни објекти. Кога го добив посакуваниот резултат, се конкретизираше и циклусот, односно темата, а тоа е поглед кон градбите на Скопје од една поинаква, несекојдневна перспектива, која, по мене, е попривлечна за окото на гледачот“, открива фотографот Виктор Поповски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 83, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот