Скандинавците ќе бидат „хит“ во зимскиот преоден рок 2020!?

Официјално зимскиот преоден рок ќе започне на 1. јануари, а според најавите Скандинавците ќе бидат во центарот на вниманието.

На првиот ден од 2020 година ќе започне зимскиот преоден рок, а во продолжение погледнете ја листата на играчи кои би можеле да го променат клубот.

КРИСТИАН ЕРИКСЕН: Неговиот договор со Тотенхем истекува наредното лето, тој може уште сега да договори трансфер без обесштетување. Во јануари Тотенхем би можел да добие барем еден симболичен надомест, а во трката за Данецот е Реал Мадрид.

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ: Швеѓанецот минатиот месец го напушти Лос Анџелес Галакси. Моментно е слободен играч, најблиску до неговиот потпис е Милан, а се шпекулира и трансфер во Евертон кој е предводен од менаџерот Карло Анчелоти.

ЕРЛИНГ ХАЛАНД: Норвешкото фудбалско „чудо“, после одличните шест месеци во Салцбург, го привлече вниманието на Манчестер јунајтед и Јувентус. Интерес покажуваат уште екипите на Лајпциг и Борусија Дортмунд. Според „Трансфермаркт“ вреди 45 милиони евра, но Австријците не сакаат да го продадат за помалку од 50 милиони евра.

ЕДИНСОН КАВАНИ: Неговиот договор му истекува во јуни. Се шпекулира дека веќе се договорил со Атлетико Мадрид, прашање е дали сега ќе им се придружи на „јорганџиите“ или наредното лето.

МАРИАНО ДИЈАС: Нема ниту минута оваа сезона за Реал Мадрид во „Ла Лига“. Рома се спомнува како негова идна дестинација.

БРАХИМ ДИЈАС: Дојде од Манчестер сити во Реал Мадрид, но никако да се избори за настап, па се очекува да биде позајмен.

фото: твитер

АРТУРО ВИДАЛ: Чилеанецот не е среќен во Барселона. Интер е подготвен да го ангажира, имаше одлична соработка со Антонио Конте додека беа во Јувентус.

КАРЛЕС АЛЕЊА: Талентот на Барселона не е првотимец, потребни му се натпревари. Би можел да оди на позајмица во Бетис или Хетафе.

ЖАН-КЛАР ТОДИБО: Младиот француски централен бек исто така е во втор план на „Камп Ноу“. За неговите услуги во редот се Милан и Баер Леверкузен.

ТОМА ЛЕМАР: Се мачи во Атлетико Мадрид, тренерот Диего Симеоне веќе ја загуби довербата, па можно е наскоро да се случи прекин на соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот