Ибрахимовиќ одлучи, се враќа во Серија А

Златан Ибрахимовиќ по неколкунеделно размислување и разгледување на понудите одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, изборот падна на Милан.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави ека трансферот се очекува да биде реализиран вечерва или најдоцна до утре, а Ибрахимовиќ ќе потпише шестмесечен договор со „росоњерите“. Постои опција, во зависност од неговите игри и од пласманот на екипата, договорот да се продолжи да дополнителни 12 месеци.


Златан Ибрахимовиќ веќе има настапувано за екипиата на Милан, и тоа од 2010 до 2012 година, а актуелниот договор со Лос Анџелес галакси му истекува на 31 декември.

Се очекува Швеѓанецот да претставува големо засилување за Милан кој сезонава игра очајно и се наоѓа на 11. позиција на табелата со 21 освоен бод во 17 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот