Скандал во амбасада во Лондон: Кога го одбив додворувањето од амбасадорот, тој се сврте кон ќерка ми!

Дајен Кингсон (58), мајка на две деца, во аферата што ја тресе Англија вели дека била на раб на самоубиство поради сексуалното вознемирување на кои биле изложени таа и нејзината ќерка и тоа на нејзиното работно место.

Дајен работела како секретарка во амбасадата на Катар во Лондон и вели дека била мета на напади бидејќи не е муслиманка и дека поради тоа сите се однесувале кон неа како да има лесен морал.

Најмногу обвинувања на судот претрпел амбасадорот Фахед ал Мушиари, кој редовно ја носел Дајен во неговиот стан за да џвакаат кат, билка популарна во арапскиот свет и се користи како стимуланс. Тоа го правел надевајќи се дека Дајен сексуално ќе се возбуди и конечно ќе се согласи да спие со него, пишува Дајен во обвинението.

Прочитајте и...  Нема да ја препознаете: Погледнете како изгледала Цеца како матурантка! (ФОТО)

„На работа постојано правеше двосмислени и понижувачки забелешки на моја сметка“, рекла Дајен пред судот.

Дајен вели дека кога сфатил дека Дајен нема да попушти, почнал да ја „мерка“ нејзината 19-годишна ќерка.

„Постојано ѝ се обраќаше со лигав тон и со лигави зборови, ја гушкаше, а мене ме тераше да ги фотографирам“, вели Дајен.

Сето тоа траеше четири години. За тоа време Фахед во неколку наврати ја водел нејзината ќерка во Париз и ѝ купувал сè што ќе посака. Во тоа време ќерка ѝ била тинејџерка, а тој ѝ предлагал брак само за да може да спие со неа, а да не го прекрши законот.

Покрај тоа, Дајен сведочела дека друг дипломат, Али Ал Херири го терал да му организира секс журки, а Дајен постојано ја викал со него да патува на Куба.

Прочитајте и...  Фитнес моделот кој го „полуде“ Инстаграм со своите брзи и ефикасни вежби: Како на брз начин да се спремите за летото (ВИДЕО)

Дајен во амбасадата работела од 2006 до 2014 година и примала плата од 30.000 фунти годишно.

Полиглот е и течно зборува арапски јазик. Сè издржувала до јуни 2014 година, кога ѝ се заканиле со отказ.

„Бев самохрана мајка со две деца и морав да си ја задржам работата како знам и умеам. Меѓутоа, моето ментално здравје сосема се уништи во тој период и бев на раб на самоубиство“, рекла Дајен пред судот, а деновиве стигна и пресудата, со која добива отштета од околу 390.000 фунти.

Владата на Катар не се вклучила во судскиот процес, поради што и од таму ќе мора да ѝ платат на Дајен отштета од 7.000 фунти.

Прочитајте и...  Проклетството на серијата која ја обожаваат милиони: „Glee“ ја следеја бројни скандали и трагедии, дури и обвинувања за педофилија!

Прочитај повеќе

„Last Expedition“ со нова верзија на „Шефе“ – за XXI век (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Зошто Никола Тесла мислел дека броевите 3, 6 и 9 се клуч на вселената?

Слободен печат

Раперот Канје Вест тврди дека бил заболен од Ковид -19 и открива како се излечил!

Васко Спасоски

Најважна работа која би требало да ја направиме пред почетокот на вториот бран на коронавирусот

Слободен печат

Режим, полициска бруталност и реакции со двоен аршин

Срѓан Ивановиќ

Нема да ја препознаете: Погледнете како изгледала Цеца како матурантка! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ако на партиите им се исполнат желбите тогаш Собранието, наместо 120, треба да брои 150 пратенци

„Јас да го тепам мојот народ не можам“: Полицијата и војниците во Ниш ги одбија наредбите (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен хороскоп за 10 јули: Денот ви носи голема смиреност и многу убави искуства

Слободен печат

Короната нема да ја скрати колоната гласачи?!

Кој ќе победи на изборите?

Сашо Орданоски

Топ 10 државни фирми што прават најголеми профити: ЈП за државни патишта – рекордер според добивката

Соња Кириџиевска