Скалони ги шокираше Аргентинците: По победата над Бразил најави заминување?!

Фото: EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Aргентина во натпревар кој беше одбележан со многу инциденти пред почетокот и доцнеше околу половина час го победи Бразил на „Маракана“, а по натпреварот изненадувачки селекторот Лионел Скалони како да најави заминување.

Скалони ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион во Катар, но репрезентацијата игра одлично и во мундијалските квалификации. Аргентинците се лидери на табелата со 15 бода, но Скалони тврди дека притисокот кој е врз него е преголем.

„Во оваа прилика би сакал да кажам една важна работа. Морам многу да размислам во овој момент, треба да одлучам што ќе правам и каков ќе биде мојот следен потег. Не е мое заминување, меѓутоа морам да размислам на иднината. Границата е поставена многу високои и тешко е да продолжите да победувате. Нашите играчи заслужуваат селектор кој секогаш ќе носи со себе максимална енергија. Ова им го кажав на фудбалерите и претседателот“, изјави Скалони.

Ова обраќање на Скалони беше и неговата единствена изјава на прес-конференцијата бидејќи стана и замина без да дозволи новинарите како што е вообичаено да поставуваат прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот