ВИДЕО | Хаос на „Маракана“: Полицијата брутално тепаше Аргентинци, Отаменди го сруши Бразил

Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

Репрезентацијата на Аргентина го победи Бразил на „Маракана“ со 0:1 во квалификациите за Светското првенство, но она за што најмногу се зборува по овој натпревар се сцените од тепачката.

Единствениот гол беше дело на Николас Отаменди во 63. минута, а со овој пораз Бразил првпат во историјата загуби три квалификациски натпревари во низа.

Но, хаосот и тепачките кои што му претходеа на натпреварот го ставија фудбалот во втро план, мпа натпреварот доценеше и со почетокот околу половина час.

Меси поради бруталниот однос на полицијата кон аргентинските навивачи одлучил да го повлече тимот во соблекувалната, меѓутоа во тепачката удар добил и голманот Емилијано Мартинез.

„Голема победа на Маракана која сепак ќе се памети по репресијата врз Аргентинците уште еднаш во Бразил. Ова не смее да се толерира, лудост е и мора да прекине тука“, порача фудбалерот на Интер Мајами по натпреварот.

Аргентинците со победата се зацврстија на лидерското место на табелата со 15 бодови, додека Бразил е шести со само седум бодови и ако не ја подобрат формата во следните натпревари сериозно им е загрозено местото на Мундијалот 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот