Сити не се плаши од суспензијата, најдобрите играчи добиваат нови договори

твитер

Кевин де Брујне и Рахим Стерлинг ќе добијат нови договори.

Манчестер сити минатиот месец е суспендиран на две години од Лигата на шампионите поради финансиски малверзации, но управата на „граѓаните“ не е премногу загрижена, веќе вложи жалба на одлуката и згора на тоа ги ангажира најскапите адвокати во Англија и во Швајцарија.

Освен тоа, управата планира да ги задржи и своите најдобри фудбалери и веднаш по натпреварите против Манчестер јунајтед и Арсенал во недела и среда, ќе седна на преговарачка маса.

Челниците на Манчестер сити планираат да им понудат нови далеку подобри тригодишни договори на Кевин Де Брујне и на Рахим Стерлинг.

Со новите договори во Манчестер сити сакаат да им покажат на своите фудбалери дека евентуалната суспензија од Лигата на шампионите нема да влијае на финансиите на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот