Синот на славниот супермодел Стефани Сејмур почина на 24 години

Фото: Профимедиа

Хери Брант, синот на супермоделот Стефани Сејмур и бизнисменот Питер Брант, почина на 24 години како последица на предозирање.

Хери со зависноста од наркотици се борел неколку години. Меѓутоа, овој пат ја изгубил битката бидејќи починал од предозирање, се наведува во соопштението кое го пренесува „The New York Times“.

„Засекогаш ќе бидеме тажни што животот му го уништи таа подла болест. Тој постигна многу за своите 24 години, но никогаш ќе немаме прилика да видиме уште колку работи Хери можеше да направи“, напиша неговото семејство и додаде:

„Хери не беше само наш син. Беше прекрасен брат, сакан внук, грижлив пријател… Беше креативна, моќна душа полна со љубов која внесе светлост во срцето на многу луѓе. Беше навистина убава личност и одвнатре и однадвор“, се вели во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Brant (@harry_brant)

Хери беше модел, снимаше за Вог, а работеше и на ревијата за Балмејн. Со неговиот брат објави унисекс линија на шминки, а како тинејџер пишуваше за магазинот „Interview“, кој го поседуваше неговиот татко Питер.

Хари и неговиот брат – често опишани како машка верзија на богатите славни сестри Парис и Ники Хилтон – беа познати лица на најжешките забави во Њујорк и секогаш присутни од првите редови на врвните меѓународни ревии.

За милионерот Питер Брант, ова не е прва трагична загуба на син. Рајан Брант, синот од првиот брак со Сандра Брант, почина во 2019 година на 48-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот