Симптом што повеќето луѓе го игнорираат, а може да биде знак за сериозна болест

Фото: Профимедиа

Чувството на недостаток на здив е честа појава и не мора да значи дека е неопходна посета на лекар, но во случаи кога тоа случува ненадејно или без некои други вознемирувачки симптоми, кај луѓето може да создаде одреден страв.

Можни се многу причини за отежнато дишење, а додека некои од причините се целосно безопасни, други можат да бидат знак за сериозни болести и како такви бараат итна интервенција, пренесува Healthline.

Како што објаснуваат лекарите, чувството на задишеност, отежнато или забрзано дишење и слични појави се сосема нормални кога човек ќе доживее некој тежок физички напор, стрес или голема возбуда. Кога причината за отежнато дишење е позната, не постои никаква причина за посета на лекар, бидејќи тогаш, имено, станува збор за најнормалната зголемена потреба на телото за кислород.

Меѓутоа, ако отежнато дишење се појавува во мирување и е придружено со некои други непријатни симптоми како стегање во градите или неможност за длабоко земање здив, ситуацијата веќе не е толку безопасна.

Тешкотии со дишењето или диспнеа често се јавуваат кај срцеви пациенти, луѓе кои имаат ниско ниво на железо или се анемични (слабокрвни), кај поединци кои доживуваат анксиозност, кај пушачи, кај луѓе со белодробни болести и кај луѓе кои имаат проблеми со вишокот килограми. Лекарите предупредуваат дека сите случаи во кои останувањето без здив (отежнатото дишење) не поминува само по себе во рок од неколку дена може да бидат потенцијално опасни и бараат лекарски преглед за да се утврди вистинската причина за проблемот.

Постојат и состојби кога е неопходна интервенција.

Но, има и состојби во кои е потребно да се реагира што е можно побрзо бидејќи може да дојде до посериозни последици. Една од нив е белодробната емболија, кај која доаѓа до затнување на белодробните артерии поради тромбоцитите, односно згрутчување кое пристигнува од периферните делови на телото, кое се карактеризира со зголемена фреквенција на дишење и отежнато дишење, а оваа состојба бара итна медицинска помош. Често, предупредуваат лекарите, се појавува со симптоми на кашлица, зголемена телесна температура и цијаноза.

Не смееме да го занемариме ниту срцевиот удар кај кој до отежнато дишење доаѓа поради намален или попречен проток на крв во срцето, а симптом, меѓу другото, е и отежнатото дишење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот