Симовски: Ние во студиово полесно можеме да се заразиме отколку граѓаните на пописот

Апостол Симовски /Фото: МИА

Дали има правна основа за казни околу неучевство на пописот треба да одговорат правници, но јас сум и за повеќе од кривична одговоност затоа што одбивањето попис е класично несакање на државата, неучевството во пописот ќе донесе само штетни последици, особено ако тоа е заради остварување на политички цели. Апелирам сите да се попишат затоа што преку пописот ние мораме да ја креираме иднината, врз основа на квалитетни резулатати да носиме квалитетни решенија, стратегии, а не врз база на интуиции. Секој што сака развојна политика мора да има релевантна информација, а пописот овозможува низа информации, важни за стопанството, здравството, образованието, развојот на науката и слично, изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во емисијата „Само вистина” на телевизија Канал 5.

Симовски додаде дека со стари информации од пред 20 години државата оди во погрешен правец. Тој посочи дека ниту еден инвеститор нема да инвестира ако нема информации за пазарот, за структурата на работниците, за средината во која сака да инвестира,

Според него попишувањето може да се одвива на отворен простор, на дистанца, со маски. И направи споредба со примери од праксата.

-Одбивањето на пописот е прекршочно дело, но хушкањето е сосема друго, тоа е кривично дело. Ние сега седиме тројца во студиото на метар и половина со маски. Попишувачот ќе биде и повеќе од два матра, со маска, а со маски ќе бидат и домаќините. Плус може да се попишуваат и надвор, и на тераси и во дворови. Да не зборувам дека сите одиме во маркети, на пазари и на други јавни локации. Значи ние сега во студиото сме повеќе изложени на заразата, отколку што ќе бидат попишувачите и граѓаните, додаде Симовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот