Силвио Берлускони е тешко болен

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Берлускони (84), откако беше заразен со ковид-19 минатиот септември, повеќе пати е приман и отпуштан од болница, а во последните денови неговата состојба наводно се влошила.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е сериозно болен и неговото судење под обвинение за подмитување сведоци треба да биде прекинато, изјави денеска миланската обвинителка Тицијана Сицилијано.

Берлускони (84), откако беше заразен со ковид-19 минатиот септември, повеќе пати е приман и отпуштан од болница, а во последните денови неговата состојба наводно се влошила.

– Дефинитивно веруваме дека Берлускони е сериозно болен и страда од сериозна болест. Тоа го покажуваат медицинските потврди и го кажаа консултантите, рече Сицилијано.

Говорејќи на рочиштето за случајот поврзан со оној во кој Берлускони беше ослободен од обвинение за сексуален однос со малолетничка по име Руби, Сицилијано рече дека Берлускони треба привремено да биде исклучен од судењето.

Судија ќе одлучи дали ќе ја оддели позицијата на Берлускони од другите обвинети на 26 мај, кога има ново рочиште.

Четирикратниот италијански премиер е обвинет за поткуп на сведоци за да молчат во случај на малолетна проституција, што почна во 2013 година. Тој секогаш ја негираше вината.

Медиумскиот магнат во саботата ја напушти болницата Сан Рафае во Милано по петдневен престој. Тој беше хоспитализиран во март и двапати во април. Исто така беше во болница во јануари поради проблеми со срцето.

– Дома се грижат за него. Секако дека сме загрижени, изјави адвокатот на Берлускони, Федерико Чекони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот