Силувано петнаесетгодишно девојче на плажа во Англија

Profimedia

Девојче (15) било силувано на плажа во Бурнмаут, Англија. Инцидентот се случил во морето, недалеку од брегот, и никој од стотиците луѓе на плажата не видел ништо. Во моментов полицијата трага по седумнаесетгодишно момче за кое постои сомневање дека го сторил ова дело.

Девојчето си играло со топка во вода со своите пријатели кога паднало пред тинејџерот. Потоа отишол да разговара со девојчето, а потоа, наводно, ја вовлекол својата жртва подлабоко во морето, каде ја силувал.

Потресниот инцидент се случил во најжешкиот ден во годината кога плажата била преполна. Младиот човек кој полицијата го бара веројатно има пакистанско потекло и полицијата ги соопшти сите детали за неговиот физички изглед за да може полесно да се најде.

Детективите кои истражуваат инцидент што се случил околу 3:30 часот по полноќ во близина на океанариумот, повикуваат сведоци или кој има информации да ги пријави. Детективот Вејн Сејмур изјави дека „истрагите се во тек и дека полицијата продолжува да дава поддршка на жртвата“.

– Знам дека плажата беше многу фреквентна на денот на инцидентот, затоа апелирам до сите што беа во областа и можеби беа сведоци на она што се случи да се јават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот