Силјановска Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик

Носителот на  изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, денес присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ.

На промоцијата носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова даде поддршка на  македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика.

-Денес присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме-  истакна Силјановска.

Силјановска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ  се обврзуваат на зачувување и развој  на културата, македонскиот јазик  и македонскиот идентитет. Истотака истакна де се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот