Силјановска Давкова: Пржинската влада треба да се укине, не обезбедува фер и демократски избори

Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне, изјави вечерва во „Вин вин” на Телма професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова, нагласувајќи дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ, треба „да расчистиме со ваквите слаби механизми, за кои се покажа дека власта ги злоупотребува“.

„За држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, треба да биде пристојна држава, а држава со вакви механизми е слаба држава во која има опасност од злоупотреба на статусот на владејачката партија, сетете се само на случајот со министерката Рашела Мизрахи иако невозможно е да смените технички министер бидејќи тоа беше резултат на одредбите“, рече Силјановска Давкова.

Таа вели дека треба да ставиме крај на Пржинска влада која беше само за 2016 година и за да имаме пристојна влада и за да ги имаме роковите од уставот, да речеме: „надминавме една фаза и еве сме поблиску“.

Во врска со прашањето за една изборна единица, таа вели дека тоа било ветување на Зоран Заев.

– Венецијанска комисија, а ни ЕУ, не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила, една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии, рече таа.

Сиљановска Давкова во врска со прашањето за една изборна единица посочи дека сепак кога има пропорционален изборен систем, има и изборен праг.

– Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, рече Силјановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот