Си го загубила бебето бидејќи имала ковид, болниците одбиле да ја примат

Амбуланта Јапонија/ Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонските медиуми денес пренесуваат дека неименувана трудница од градот Кашива, близу Токио, го загубила своето дете, поради компликациите од коронавирусот која ги трпела два дена, по што не била примена во болница, пренесува Јапан Тајмс.

Жената, која е во своите триести години, била бремена во осмиот месец. Таа минатата недела добила симптоми на ковид, а состојбата неколку дена подоцна ѝ се влошила, по што и требало болничко лекување.

Меѓутоа, десетина болници одбиле да ја примат бидејќи имале преоптереност во просториите. Пред три дена, жената добила силни болки, почнала да крвари, а неколку часа подоцна сама се породила во својот дом, но новороденчето, за жал, без болнички апарати, починало.

Болниците во Токио се преполни со пациенти кои се заразени со ковид-19. Градските власти објавија дека во втората недела на август има 1 414 заболени од ковид кои барале да бидат сместени во градските болници, а тие биле присилно убедувани да останат во нивните домови.

Во Јапонија досега се регистрирани 1,23 милиони заразени од коронавирусот, додека има 15 500 смртни случаи. Во Токио состојбата додатно се влоши поради Олимписките игри кои се одржаа минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот