Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Си-Ен-Ен: САД успешно тестирале сопствена хиперсонична ракета

САД во средината на минатиот месец извршија успешно тестирање на хиперсонична ракета, но не објавија детали за тоа за да се избегнат тензии со Русија, во периодот додека американскиот претседател Џо Бајден требаше да патува во Европа, изјавил за Си-Ен-Ен официјален претставник упатен во проблематиката.

Според него, „Hypersonic Air-breathing Weapon Concept (HAWC)” бил лансиран од бомбардер „Б-52″ на западниот брег на САД, а вооочи посетата на претседателот Бајден на Европа и НАТО.

Ракетната проба била спроведена неколку дена откако Русија со хиперсонично оружје од сопствениот арсенал ракетираше складиште за муниција во западна Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот