Си-Ен-Ен: Нов Зеланд станува прибежиште за богати во случај на апокалипса

Новозеландскиот град Квинстаун, кој честопати се споредуваше со Аспен во Колорадо, САД, поради популарноста кај скијачите, со години беше предмет на гласини дека странските државјани купуваат добро опремени бункери за да служат како засолништа во случај на апокалипса, наведува Си-Ен-Ен.

Иако има малку докази дека под семејните домови таму навистина има бункери како оние што се изградени за иста цел во САД и Европа, угледот на Квинстаун, а со тоа и на Нов Зеланд како пожелно засолниште за светските богаташи во деновите пред евентуално да настапи крај на светот не е целосно неосновано.

Американскиот милијардер Питер Тил и поранешниот шеф на медиумската куќа НБЦ Мет Лауер веќе купиле куќи во Квинстаун, а поради пандемијата на коронавирус овој град со 40.000 жители повторно стана интересен за луѓето кои бараат нов, побезбеден дом – со или без бункер, наведува Си-Ен-Ен.

За оние кои сакаат да имаат такво засолниште таму, специјализирана американска компанија нуди добро опремени бункери со целосно функционални кујни, простории за одмор, системи за надзор и производство на електрична енергија од сончеви извори, а цените се движат од околу 40.000 американски долари до неколку милиони. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот