Шведска ги намалува ограничувањата поради коронавирусот

Стокхолм. Шведска/ Фото: Архива на Слободен печат
 Шведска на 1 јули ќе ги намали ограничувањата за движење поради коронавирусот и ќе овозможи поголем број посетители на стадионите и во рестораните.
Шведска главно се потпираше на мерките што беа на доброволна основа, но работното време за рестораните, трговските центри и продавниците беше скратено.
Министерката за здравство на Шведска, Лена Халенгрен рече дека ширењето на заразата е намалено и дека повеќе од 57 проценти од возрасната популација примиле една доза од вакцината, а секое трето лице е целосно вакцинирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот