Шварценегер мораше да јаде ТЕСТИСИ од МИСИР поради едно прашање кое не сакаше да го одговори! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрим/Јутјуб

Арнолд Шварценегер гостуваше заедно со колешката Линда Хамилтон во емисијата на Џејмс Корден за да го промовира својот нов филм „Терминатор: Темна судбина“. Легендарниот актер по разговорот учествуваше во една игра која сама по себе не е пријатна.

Имено, Арнолд мораше да одговара на прашањата кои му ги поставуваше домаќинот, а ако не одговори на некое од нив задача беше да изеде нешто што воопшто не е пријатно за јадење. На пример: Пенис од бик, птичјa плунка и друго…

Шварценегер добро се носеше, меѓутоа едно прашање го „совлада“.

– Арнолд, ти си еден од најголемите светски акциони ѕвезди на сите, а во филмот „Платеници“ играше со Силвестер Сталоне, Џејсон Статон и Мики Рурк. Направи листа од овие колеги по нивните актерски способности, од најдобар до најлош – поставил прашање водителот.

– Сакам да почнам – рекол Арнолд, но на крајот не можел да одговори. За казна мораше да изеде тестиси од ќуран.  Да, добро читате…

Како тоа изгледало, погледнете на 13:08 минута од снимката:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот