Швајцарската компанија Aркор планира да дистрибуира литиум од Лопаре до Мерцедес

наоѓалиште на литиум EPA-EFE/AARON UFUMELI

Швајцарската рударска компанија Aркор и канадската компанија Рок Тех потпишаа договор за партнерство кој ќе вклучува дистрибуција на литиум од Лопаре во Босна и Херцеговина.

„Литиум карбонат ќе се ископува на еколошки и општествено одговорен начин во рудникот на Аркор во Лопаре, Босна и Херцеговина, а потоа компанијата Рок Тех ќе го претвори во литиум хидроксид „Произведено во Германија““, најавија тие, објави Кликс.ба.

Рок Тех исто така го гради својот прв капацитет во Германија за производство на литиум хидроксид за батериите и автомобилската индустрија од 2026 година. Меѓу другото, компанијата веќе има потпишано купопродажни договори со групацијата Meрцедес-Бенц.

Во фазата на истражување што трае од 2018 година, Aркор потврди наоѓалишта на литиум карбонат, како и бор, калиум и магнезиум сулфат во рудник во близина на Лопаре. Како што истакнува Николас Тренд, шеф на Одборот на директори на Aркор, локацијата е единствена во светот во однос на нејзината големина и геолошка структура.

Поценките се дека во областа Лопаре има наоѓалишта од 1,5 милиони тони еквивалент на литиум карбонат, 14 милиони тони бор, 35 милиони тони калиум и 94 милиони тони магнезиум сулфат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот