Што треба да знаете доколку правите колач со замрзнато овошје?

unsplash
unsplash

Особено кога свежото овошје како боровинки, вишни, јагоди ги нема во зимскиот период, замрзнатото овошје е едноставен и достапен начин да додатете малку свежина во вашите печива.

unsplash

Но, мора да внимавате со замрзнатото овошје, немојте директно да го истурите од кесичката во тестото. Секое замрзнато овошје додека се топи испушта течност. Плус, замрзнатите овошја обично се потешки од тестото и лесно можат да „потонат“ на дното од вашиот колач.

unsplash

За среќа, постојат неколку трикови со кои може да ги избегнете овие вообичаени грешки при печење:

unsplash

За овошјето да не „потоне“ во тестото, можете да го поросете со пченкарно брашно. Само исцедете ја течноста, ставете го овошјето во еден сад, додадете малку брашно и промешајте.

unsplash

Друг совет е да го нанесете овошјето врз тестото. Ставете половина од тестото во садот за печење, потоа истурете го овошјето, па врз него ставете го преостанатото тесто и повторно ставете овошје. Така, вашиот колач ќе изгледа поинтересно.

unsplash

Друга „опасност“ при печење колачи со замрзнато овошје е тоа што тие можат да ја променат бојата на тестото. Тоа целосно може да го промени изгледот на вашиот десерт.

unsplash

Според „King Arthur Baking Company“, лесно можете да го избегнете ова, или барем да ја намалите промената во бојата. Од таму советуваат откако ќе се одмрзне, убаво измијте го овошјето. Се препорачува овошјето да го измиете со ладна вода неколку пати, додека не се забележи значително помалку боја во водата. Потоа исушете го овошјето на неколку парчиња кујнска хартија пред да го додадете во тестото.unsplash

Сличен метод што исто така се препорачува за подготвување печива со замрзнато овошје е да го оставите овошјето да се одмрзнува во цедалка поставена врз некој сад, за сокот што ќе истече да можете да го искористите во некое смути или едноставно да си го испиете.

unsplash

Откако ќе се одмрзне, исуштете го овошјето и поросете малку брашно. И поросувањето со брашно може да помогне да не се смени бојата на тестото. Овие едноставни трикови може да ви помогнат да ги направите вашите десерти многу подобри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот