Што прави денеска: Ели Танасковска, уредник и ТВ-водителка

„Домот е моето цело царство“ / Фото: Ели Танасковска, приватна архива
Еве како изгледа едно деноноќие на познатото ТВ-лице Ели Танасковска.

„Ова е рубрика, која често ја читам зашто во ова отуѓено и извртено време, драго ми е да прочитам како луѓето го минуваат времето. Искрено, жалам за моите стари навики, одењето на базен, вежбална, зашто приликите ми нацртаа една поинаква рута.

Ели Танасковска / Фото: Приватна архива

Домот е моето цело царство. Не сум ранобудец, останувам доцна до 02.00 – 03.00 речиси секоја вечер, на вибер-конекција со ќерка ми и внука ми, кои живеат во Канада. Мојот свет е поделен – половина тука, половина таму. И најдобрите другарки и дел од семејството ми се таму. Смеа, песна, сликања и раскажувања, се дел од нашиот живот.

Ели Танасковска со семејството / Фото: Приватна архива

Наутро не пијам кафе. Имам домашен миленик, а покрај него уште неколку пред зграда, со кои ми почнува секој ден. Хранење, милување, играње на трева. Помалата ќерка Леона ме чека и додека се подготвуваме за работа, ме исполнува со најпозитивни и духовити мисли. Во зависност од обврките, обично имам средби со гости, планирани во студио, разговори и кратки муабети со некои колеги.

По пат, застанувам на пазар, во продавница, ако некој ми оставил обврска да му купам нешто (родители, соседи), кратко им доставувам, си разговараме, се прегрнуваме и дома почнува моето царство.

Фото: Приватна архива

Попладне, додека пешачам, ќе ѕирнам низ прозорец како оди часот на Леона, нови кореографии, фигури, а децата ме исполнуваат со најискрени насмевки и едно најубаво чувство на безгрижност и среќа.

Обожавам да готвам, да правам специјалитети, и вечерата е задолжена за семејството. Често покануваме гости и уживаме во веселата атмосфера.

Фото: Приватна архива

Секогаш слушам музика и најубаво ме релаксира. Необична е возбудата, но секоја вечер кога се прибираат дома, Леона, сопругот и нејзиното момче, покрај трпеза, пред ТВ, гледаме филм или се забавуваме со интересни теми. И очекување на вибер кога Изабела се конектира, а сите заедно не можеме да се изнагледаме и изназбориме. Виртуелни бакнежи и прегратки. Викендите, кога сме слободни најчесто сме во Дојран. Тоа место ми дава една посебна смиреност и енергија. Имам драги личности кои ми се како семејство.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот