ШТО Е СЕГА ОВА: Трансфер на годината во режија на Интер и Јуве!

фото: Инстаграм

Паоло Дибала во Интер, а Мауро Икарди во Јувентус е трансферот на годината кој се подготвува во Серија А.

Ова би им одговарало на двата италијански гиганта особено ако се земе предвиде дека Аргентинецот Дибала не се покажал во најдобро светло во нападот заедно со Кристијано Роналдо и дека концепциски Икарди повеќе би му одговарал на португалската ѕвезда.

Што се однесува до Интер, тие би биле презадоволни доколку го донесат Дибала во нивните редови како замена за Икарди кој веќе долго време има нарушени односи со раководството во врска со преговорите за нов договор.

Во целата оваа приказна се спомнува и идниот тренер на Јувентус Мауруцио Сари, за кого се пишува дека е голем обожавател на играта на Икарди, па сигурно ќе го сака Аргентинецот во неговиот тим.

Икарди до сега имаше 188 натпревари и 111 голови за Интер, а неговиот сонародник Дибала за Јуве запиша 128 мечеви и 57 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот