Не е во плановите на Конте, интересна понуда за Икарди

EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Како што пренесуваат италијанските медими, поранешниот капитен на „неро-аѕурите“ (договор до 2021 година) добил понуда од англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам да биде играч на Мајами.

Поранешниот репрезентативец на „Гордиот албион“ го води овој тим, а од 2020. година би требало да започне натпреварувањето во американската МЛС лига.

Икарди од статус на прва ѕвезда на екипата за краток период стигна до излезните врати на стадионот „Џузепе Меаца“.

Најпрвин му беше одземена капитенската лента, потоа одби да тренира со оправдување дека е повреден. А потоа се вмеша и неговата сопруга ванда Нара која се обидува на свој начин преку медиумите да го подобри статусот на Икарди во Интер.

Аргентинскиот интернационалец не ја крие и желбата да остане во Италија, односно посакува да направи трансфер во редовите на шампионот Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот