Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.

Па, еве неколку интересни предлози кои можеби нема да ве остават рамнодушни.

„Brexit: The Uncivil War“ – Филм на „HBO“

Со намера да ги убеди британските гласачи да ја напуштат Европската унија, политичкиот стратег Доминик Камингс одлучува да започне популарна, но контроверзна кампања. Тој се обидува да го објасни начинот на кој технологијата ја преобликува политиката, а со тоа и општеството во Велика Британија. Со суптилна духовитост и ексцентричен перформанс на актерот Бенедикт Камбербач, овој филм енергично ја прикажува поновата историја со непоколеблива подготвеност.

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

„Sex Education“ – Серија на „Netflix“

Несигурниот тинејџер Отис кој самиот е амбивалентен во врска со сексот, ги има сите одговори кога станува збор за совети за сексуалноста, благодарение на неговата мајка која е сексуален терапевт. Откако случајно му помага на еден силеџија, Отис и неговата пријателка Мејв основаат „бизнис“ за секс-терапија во училиштето. Оваа урнебесна британска комедија прикажува иницијација на една група млади луѓе кои во основа делат исти „проблеми“…

„Succession“ – Серија на „HBO“

Приказната следи едно семејство, кое е познато по контролирањето на најголемата компанија за медиуми и забава во светот. Сепак, животот на членовите на популарното семејство се менува во целост кога таткото решава да се повлече од компанијата. Кој ќе го наследи?

„Spotlight“ – Филм на „Netflix“

Огромно филмско достигнување и прекрасен пример за „одење по јаже“, што многу филмаџии го прават кога се обидуваат да „решат“ тешка или контроверзна тематика. Вистинска приказна за тим новинари на „Бостон Глоуб“ кои се впуштаат во истрага за системско сексуално злоставување на деца во рамките на локална црква. Ова е приказна за луѓе кои се обидуваат да направат разлика, да направат добро и сите предизвици со кои се соочуваат спротивставувајќи се на една огромна суперсила.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот