Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Нема подобро време за гледање интересен филм или серија од викендите. Но, на многумина им е познато чувството предизвикано од исцрпното барање „што да се гледа вечерва“.

Затоа ние одбравме неколку предлози кои можеби ќе го привлечат и вашето внимание.

It’s a Sin – Серија на „HBO“

Ричи, Колин и Роскоу решаваат да се преселат во Лондон во 1981 година и да започнат нов и самостоен живот. Во Лондон се запознаваат со луѓе и создаваат свое друштво – збир на истомисленици со кои се забавуваат и едноставно уживаат во животот, не знаејќи дека истовремено се впуштаат во борбата со вирусот за кој во тоа време, поголемиот дел од светот нема доволно информации или го игнорира.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

Behind Her Eyes – Серија на „Netflix“

Една самохрана мајка по име Луиз влегува во светот на испревртени умствени игри откако започнува афера со нејзиниот шеф Дејвид, психијатар, додека паралелно тајно се спријателува со неговата мистериозна сопруга Адел. Неконвенционалниот љубовен триаголник преминува во мрачна, психолошка мрежа на тајни, проследена со неизвесност до самиот крај.

Жанр: психолошки трилер / IMDB оценка: 7.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 60%

Jane Fonda in Five Acts – Документарец на „HBO“

Приказ на животот, работата, активизмот и целата контроверзност на актерката и фитнес тајкунот Џејн Фонда. Таа е оскаровка чиј живот го обележаа контроверзност, трагедија и сето она што го правеше и уште го прави пред очите на јавноста.

Жанр: документарец / IMDB оценка: 8 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Broadchurch – Серија на „Netflix“

Кога трупот на 11-годишното момче Дени Летимер е пронајдено на една плажа, малото место во Велика Британија станува фокус на брутална полициска истрага и медиумско лудило. Инспекторот Алек Харди ја добива позицијата на главен одговорен за овој случај. Ели Милер, која смета дека работата требало да биде нејзина, мора да се вклопи во ефикасен работен однос со тиквиот Харди. Полека, сите жители на Бродчрч се вклучени во истрагата…

Жанр: мистерија / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 92%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот