Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

„The Haunting of Bly Manor“ – Серија на „Netflix“

Една млада гувернантка пристигнува во Бли Манор и паѓа во бездна на застрашувачки тајни. Таа почнува да гледа привиденија што го прогонуваат имотот.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

„Robin Williams: Come Inside My Mind“ – Филм на „HBO“

Овој интимен портрет испитува еден од најинвентивните комичари во светот. Главно кажано преку сопствениот глас на Робин и користејќи богатство досега невидени архивски снимки, филмот поминува низ извонредниот живот и кариера на Робин Вилијамс.

Жанр: документарен филм/комедија / IMDB оценка: 8 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

„High Maintenance“ – Серија на „HBO“

Безимен дилер на марихуана во Бруклин, кој ја доставува својата стока со велосипед на клиенти низ Њујорк кои се обидуваат да уживаат во животот со помош на психоактивни супстанци. При доставата, тој прави краток увид во нивните животи и секојдневни рутини, овозможувајќи им на гледачите да го истражат постоењето на интригантните, разновидни поединци од сите сфери на животот.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

„Lost Girls“ – Филм на „Netflix“

Решена да си ја најде исчезнатата ќерка Шанан, очајната Мари Гилберт неуморно ја тера полицијата да ја продолжи истрагата. Започнувајќи лична истрага, таа всушност ја води полицијата до бројни нерешени случаи на убиени млади сексуални работнички.

Жанр: мистерија/драма / IMDB оценка: 6.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 72%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот