Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.

Па, еве неколку интересни предлози кои можеби нема да ве остават рамнодушни.

The War with Grandpa – Филм на „HBO“

Питер и неговиот дедо порано биле многу блиски, но кога дедо Џек ќе се пресели во семејството, Питер е принуден да го напушти својот најценет имот: неговата соба. Питер нема да се откаже додека не си ја врати својата соба, смислувајќи серија шеговити начини за да го избрка новиот „потстанар“. Сепак, дедото не се предава лесно и целата приказна се претвора во урнебесна војна меѓу двајцата!

Жанр: комедија / IMDB оценка: 5.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 29%

After Life – Серија на „Netflix“

Тони имаше речиси совршен живот – сè до смртта на неговата сопруга Лиза. По тој трагичен настан, Тони се менува во целост. Ставен на работ на животот, дури размислува за самоубиство затоа што животот веќе не вреди да се живее, тој одеднаш сфаќа дека повеќе би сакал да живее доволно долго за да го казни светот со своето саркастично постоење. Не се грижи за себеси или за кој било друг – но на крај животот го учи на нова лекција од која може да се научи многу…

Жанр: комедија / драма / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

The Handmaid’s Tale – Серија на „HBO“

Базирана на најпродаваниот роман на Маргарет Атвуд, оваа серија е сместена во тоталитарно општество кое порано било дел од нормалниот живот во САД. Приказ на владеење на фундаменталистички режим кој ги третира жените како сопственост на државата и се соочува со еколошки катастрофи и опаѓачки наталитет. Во очајнички обид за повторно населување на уништениот свет, малкуте преостанати плодни жени се принудени да бидат сексуални робови. Една од овие жени, Офред, е решена да преживее во овој ужасен свет во кој живее и да ја најде ќерката што ѝ е одземена.

Жанр: научна фантастика / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

Wine Country – Филм на „Netflix“

Шест долгогодишни пријатели заминуваат на заеднички викенд во долината Напа во Калифорнија за да го прослават 50-тиот роденден на една од нив. Обединетите пријателки ги преиспитуваат своите минати избори, долгогодишно пријателство и иднината во оваа смешна и искрена комедија која ќе ве насмее до солзи.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 5.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 66%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот