Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„A Beautiful Life“ – филм на Нетфликс

Елиот, млад рибар со извонреден глас, добива животна шанса кога музичката менаџерка Сузан ќе го открие на забава.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 50%

„The Tailor“ – серија на Нетфликс

Познат кројач почнува да шие венчаница за свршеницата на својот најдобар пријател, но сите тројца имаат мрачни тајни кои наскоро ќе им ги уништат животите.

Жанр: мистерија / „IMDB“ оценка: 6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 57%

„Love to Love You, Donna Summer“ – филм на Ејџ-би-о

Личен портрет на Дона Самер на и надвор од сцената, филмот содржи мноштво фотографии и домашни видеоснимки, и ни отвора богат прозорец кон изненадувачкиот опсег на нејзината уметност, истражувајќи ги подемите и падовите на животот на глобалната сцена.

Жанр: документарец / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 83%

„Painting With John“ – серија на Ејџ-би-о

Делумно медитативна лекција, делумно лежерен муабет, секоја епизода од оваа серија го следи уметникот Џон Лури седнат на својата работна маса, каде што ги бруси своите техники со водени бои и ги споделува животните искуства.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот