Штипскиот затвор се поднови со мебел

Инвестицијата од 300.000 денари за новиот мебел е од Управата за извршување на санкции.

Пристигна новиот мебел за полуотвореното одделение во Затвор-Штип, информира директорот на оваа казнено поправна институција, Мики Тодоров. Во кругот на затворот веќе се пристигнати  30 единечни маси со клупи и 30 комоди за телевизори.

-Тоа значи дека сите простории во полуотвореното одделение ќе бидат со унифециран мебел. Инвестицијата од  300.000 денари за новиот мебел е од Управата за извршување на санкции вели Тодоров.

Тој истакна дека ова е уште еден позитивен пример за подобрување на условите и стандардите за живот на осудените лица. Штипскиот затвор во текот на годинава очекува да се реши проблемот и со Пречистителната станица за отпадни води, проект кој ќе чини околу 15 милиони денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот