Штипјанец вторпат за една недела физички ја нападнал сопругата

Педесет и пет годишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг. Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б ќе биде поднесена кривична пријава, а жената со повреди завршила во болницата во Штип.

Во билтенот на СВР-Штип денеска е нотирано и дека ул„Косовска” во Штип, додека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрва, кое претходно било запрено, поголема група на граѓани им упатувале закани,  почнале да ги растовараат дрвата од возилото, дел од нив го стартувале возилото и побегнале, а останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените  дејствија.

Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот