Шпанска фудбалерка одби да му оддаде почит на Марадона

Фото: Твитер

Во неделата зад нас видовме разни оддавања почит кон покојната фудбалска легенда Диего Армандо Марадона, но една фудбалерка реши да не го направи тоа.

Паула Дапена која ги брани боите на шпанскиот клуб Виахес Интерјас, протестираше за време на минутата молчење со седење на тревникот.

– Моите тимски колешки ме погледнаа и почнаа да се смеат, бидејќи знаеја дека ќе го направам тоа – рече Дапена. После тоа, таа користеше уште построги изрази и поголеми обвинувања против аргентинската легенда.

Реков дека нема да оддадам почит на едноминутно молчење за силувачите, педофилите, злоставувачите на жени и дека ќе седам на тревникот и ќе го свртам грбот. За да бидете играч, прво мора да бидете човек и да имате некои вредности поголеми од неговите вештини на теренот, а знаеме дека тој имаше спектакуларни фудбалски квалитети – додаде Дапена.

После тој гест, на овој натпревар нејзината екипа беше поразена со 10:0 од Депортиво Абегонде.

ВИДЕО: Неверојатно, Меси постигна скоро ист гол како Марадона!

Марадона остави само 100.000 долари заштеда, сега почнува војната за неговиот имот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот