Марадона остави само 100.000 долари заштеда, сега почнува војната за неговиот имот

Фото: EPA-EFE/DyN ARGENTINA OUT - B/W ONLY

Во моментите кога почина, Диего Армандо Марадона остави само 100.000 долари на банкарската сметка, пишува италијанскиот „Кориере дела Сера“.

„Поголем дел од парите, Марадони ги потроши за време на својот лагоден живот. Околу него постојано имаше луѓе кои ја истористуваа неговата добрина. Тие требаше само да прашаат, а Диего без размислување им даваше пари“, пишува весникот повикувајќи се на аргентинскиот новинар Луис Вентура кој беше близок пријател со Марадона.

„Кориере дела Сера“ зборуваше и со Анџело Писани, адвокат кој го бранеше легендарниот фудбалер пред италијанскиот суд од обвиненијата за затајување на данок.

Живееше премногу раскошно во однос на парите кои ги имаше на сметка. Трошеше премногу пари, но не се грижеше за тоа. Доколку сакате да дознаете каде завршија неговите пари само прашајте ги сите оние луѓе кои се влечеа по него. Диего никогаш немаше повеќе од 100 евра во џебот – вели Писани.

Диего Армандо Марадона за стандардите на најдобар фудбалер на сите времиња, умре сиромашен но сега ќе започне процесот на утврдување на неговата вредност на имотот ширум светот. Наводно, Марадона е сопственик на цела зграда во Буенос Аирес, како и на неколку станови во центарот на аргентинскиот главен град. Имал колекција на скапи автомобили, инвестиции во Куба и Италија, фудбалско школо во Кина и актуелни договори за користење на маркетиншки права на неговото име и лик кои ќе важат и по неговата смрт.

Весникот проценува дека богатството на Марадона е вредно околу 170 милиони долари и дури сега ќе започне вистинска војна за неговиот имот.

Марадона законски призна два сина и три ќерки од четири различни жени вклучувајќи ги поранешната сопруга Клаудија Вилафане и долгогодишната партнерка Веронија Оједа. Најмладото дете на Марадона е седумгодишниот Диего Фернандо, а најстар е Диего Јуниот кој има 34 години. Ќерките Далма, Џанина и Јана имаат 32, 30 и 23 години.

Марадона наводно во Куба има уште три деца кои ги направил кога се лекуваше во оваа карипска држава, а уште тројца Аргентинци се обидуваат да докажат дека легендарниот фудбалер им е татко.

Диего Марадона уште минатата година неколку пати изјави дека на децата ништо нема да им остави туку целиот имот по смртта ќе го донира, но засега неговиот адвокат Матијас Морла сè уште не се огласил во јавноста.

Нема теорија на завера: Нови детали за тоа што се случувало во домот на Марадона

Марадона погребан покрај неговите родители

Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот