Шпанија: Уапсена кримнална група која ограбувала домови на славни фудбалери

Пет лица биле уапсени поради сомневање за вмешаност во низа грабежи на познати фудбалери во Шпанија.

Во рамки на операцијата „Оп Хабитат Риниа“, шпанската цивилна гарда во блиска соработка со албанската полиција и Европол, уапси пет лица поради нивна наводна вмешаност во низа грабежи во домови на познати фудбалери во Шпанија.

Се претпоставува дека криминалната група ги следела активностите на фудбалерите преку нивните социјални мрежи, за да знае кога треба да делува. Во некои случаи членовите на семејството се наоѓале во домовите кога криминалната група упаѓала.

Шпанските власти заплениле накит, луксузни автомобили и илјади евраво готовина за кои се верува дека им припаѓаар на фудбалери и нивни семејства.

Пронајдени се и неколку предмети, кои имаат сентиментална вредност, вклучително и медалја од Лигата на шампионите, која е украдена од куќата на везниот играч на Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот