Шпанија пред нов напад на коронавирусот: Владата размислува за воведување на полициски час

Фото: EPA-EFE/Alejandro García

Шпанската Влада разгледува неколку можни мерки, вклучително и полициски час, во обид да се справи со новиот бран на зараза со коронавирусот, изјави денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.

– Воведување на полициски час во Мадрид, а можеби и пошироко, бара воведување вонредна состојба, изјави Илја.

Тој додаде дека за секоја вонредна состојба, што ќе трае подолго од две недели, ќе биде потребна поддршка од некои опозициски партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот