Шпанија можеби нема да земе учество во Самитот во Загреб поради Косово

Шпанија се заканува дека ќе го бојкотира Самитот во Загреб поради присуството на Косово, дознава Радио Слободна Европа, од извори во Мадрид, Загреб и Брисел.

Според изворите, шпанските власти ги предупредиле домаќините на следниот Самит дека нема да присуствуваат на средба каде што Косово ќе има еднакво учество со другите земји од Западен Балкан.

Дипломатите на другите земји на Европската Унија се запознаени со фактот дека Шпанија може да го заобиколи Самитот во Загреб.

Овој Самит помеѓу преставници на ЕУ и на тие од Западен Балкан ќе се одржи на 6 и 7 мај.

Владата во Мадрид и порано бојкотираше вакви настани каде присуствуваше и Косово. Во 2018 година во Софија, кога се одржи самитот со Западен Балкан, првиот после 15 години, официјален Мадрид не учествуваше поради истите причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот