Шпанците му се извинија ја Косово: Ке играат според протоколите на ФИФА и УЕФА

epa05526293 Kosovo national soccer team after the FIFA World Cup 2018 qualifying soccer match between Finland and Kosovo at the Veritas stadium in Turku, Finland, 05 September 2016. Kosovo played their first FIFA World Cup qualifier in Turku. EPA/MARKKU OJALA

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) објави дека добиле информација од Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) оти натпреварот помеѓу овие две репрезентации ќе се игра според протоколите на ФИФА и УЕФА.

Во соопштението се наведува дека претседателот на ФФК, Агим Адеми добил повик од челниците на РФЕФ кои му изразиле жалење поради веста објавена во шпанските медиуми и потврдиле дека квалафикацискиот натпревар за пласман на СП 2022 година, ќе се игра според протоколите на ФИФА и УЕФА.

ФФК добила потврда и од УЕФА дека натпреварот ќе се одигра како што е предвидено и според нивните протоколи.

Проблемите настанаа откако Министерството за надворешни работи на Шпанија им наложи на шпанските медиуми но и на РФЕФ, натпреварот кој треба да се игра на 31. март, противникот да го нарекуват „екипа од територија на Косоцво“ и да не интонира химната и да нема истакнување на знаме.
ФФК уште вчера реагираше и се закани дека нема да го игра натпреварот со Шпанија, доколку не се почитуваат протоколите на ФИФА и УЕФА.

Скандал во најава: Косово се заканува дека нема да игра против Шпанија во квалификациите за СП

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот