Скандал во најава: Косово се заканува дека нема да игра против Шпанија во квалификациите за СП

epa08004131 Kosovo players pose for a team photo during the UEFA EURO 2020 group A qualifying soccer match between Kosovo and England in Pristina, Kosovo, 17 November 2019. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Поради одлуката на шпанските власти наместо репреезентација на Косово, да се употреби изразот „екипа од територија на Косово“, фудбалската федерација на Косово се заканува со неиграње на натпреварот од квалификациите за СП 2022 година.

Шпанските власти денеска им наложија на телевизиите но и на Фудбалската федерација на Шпанија, да нема истакнувања на знамиња и да не се свири химната, а за името на противникот да го користат изразот „екипа од територија на Косово“. Причината за овој потег на шпанската влада е бидејќи не го признава Косово како независна држава.

Фудбалската федерација на Косово реагираше на оваа одлука на шпанската влада со соопштение, барајќи да се повлече терминот „екипа од територијата на Косово“ напоменувајќи дека ваквиот потег претставува дискриминација и дека планираат да не го одиграат натпреварот доколку не биде променета одлуката.


„ Правилата на ФИФА и УЕФА се кристално јасни. Без разлика што сакате да порачате со овој потег, правилата не можат да се менуваат. Обидот на Шпанија да ја минимизира државноста на Косово , повикувајќи се на нас како територија, е залуден и неправеден. Свесни се дека ќе се соочат со косовската репрезентација која ќе биде претставена како и секоја друга земја. Нивна работа е како ќе се правдаат пред домашните медиуми, но Косово нема да прави отстапки. Ќе играме само по строгите критериуми и правила на УЕФА, со државна химна и знаме, во спротивно натпреварот нема да се одигра“, стои во дел од соопштението на Фудбалската федерација на Косово упатено до Шпанската федерација.

Фудбалската федерација на Косово побара во Шпанија да гостува со сите симболи, химна и назив и тоа го постави како услов за одигрување на натпреварот.

Натреварот помеѓу Шпанија и Косово треба да се игра на 31. март во Севиља во рамки на квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот