Шон Мендес ги згрози обожавателките со својата нехигиенска навика

Сигурно познавате личност која спие со шминка, се тушира со сапун за раце и нема никаква крема за лице, но и понатаму има совршена кожа.

Изгледа дека Шон Мендес е еден од нив!

Имено, како што открива „Buzz Feed“, згодниот пејач своето беспрекорно чисто лице ѝ го должи на една помалку нехигиенска навика.

„Никогаш не се мијам“, признал Шон и продолжил: „Многу медитирам. Мислам дека кожата е базирана на тоа како се чувствувате. Може да ја оставите нечистотијата на лицето, а и понатаму ако сте среќни, нема да ви се појават мозолчиња.“ Интересно…

Очекувано, неговата изјава покренала лавина коментари од згрозените обожавателки на Мендес на Твитер.

„Јас: Како ја чистите кожата? Шон Мендес: Вежбај еден час, а потоа искачи се на Монт Еверест, па планинари уште 30 милји и потоа не се миј“, напишал еден пријател на Шон.

„Еј, Шон Мендес! Измиј го лицето, човеку!“, продолжиле да се редат коментари.

„Значи, сакате да ми кажете дека Шон Мендес никогаш не се мие… дури ниту ваков испотен??? И покрај тоа успева да има НАЈДОБРА кожа. Мојот живот е виц“, е уште еден од духовитите коментари од обожавателките на Шон, кои се во неверување.

Иако се согласуваме со фактот дека животот без стрес има прилично добро влијание на кожата, не би се сложиле со (непостоечката) бјути рутина на пејачот, бидејќи миењето би требало да биде еден од основните чекори во сечија лична хигиена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот