Шкендија после пресврт доживеа пораз против словачката Подбрезова
Денеска на подготовките во турската Анталија фудбалерите на Шкендија одиграа пријателски натпревар во кој загубија минимално со 2:1 од словачкиот клуб Подбрезова.
Препорачано
После првото полувреме тетовските „црвено-црни“ имаа позитива од 1:0 со голот на Бесарт Ибраими во 32 минута од мечот.
Играчите на тренерот Јетон Беќири не успеаја да ја задржат предноста во вториот дел во кој противниците успеаја да направат пресврт за победа.
Подбрезова успеа да слави на овој контролен меч со погодоците на Демл и Хавриленко.
За Шкендија ова беше трет тест оваа зима, претходно триумфираше над Брера Струмица (3:0), а ремизираше со украинската Олександрија (1:1).
Според најавите до стартот на пролетниот дел од сезоната, актуелниот македонски шампион ќе игра контролни мечеви и со Сараево од Босна и Херцеговина на 28 јануари, а на 1 февруари ќе тестира со Ордабаси од Казахстан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


