Шилегов: Зборувајте за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација во Чаир, а не за Обама

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук го искоментира перформансот на подмладокот на ДУИ кои вечерва со огромен светлечки транспарент на скопската тврдина Кале на кој пишува „Зошто да не?“ побараа прв Албанец за премиер на Македонија.

„Евтини приказни, евтини политики, евтини анимации…“, напиша скопскиот градоначалник во својата реакција на социјалните мрежи откако функционери на ДУИ објавија видео и фото-материјали од настанот.

По неговата реакција , следеше провокација од Изет Меџити, претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен градоначалник на Чаир.

„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец може да стане Премиер? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не, господине Шилегов?“, напиша Меџити на својот профил.

Скопскиот градоначалник не остана должен и на ова одговори:

„Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што „обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги „раскажува”, напиша Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот