Шилегов: Во Скопје има 140 објекти кои се дивоградби и за кои градот нема ингеренции

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната пресконференција за новинарите истакна дека во градот Скопје моментално има 140 дивоградби, за кои градот нема ингеренции.

– Градот за жал, нема ингеренции над дивоградбите. Аналитиката кажува дека има околу 140 објекти на територијата на Град Скопје. Повикувам сите институции да си ја вршат работата.

Во Мавровка во сутеренот беше легализиран тој објект, веројатно во постапка на обнова може да се врати тој дел кој беше легализиран – изјави Шилегов.

Шилегов: Да не се правиме „на Тошо“ дека грдосијата кај ТЦ Мавровка била легална

Објектот пред Мавровка кој никна на местото на изгореното кафуле „Фонтана“, сега е срамнет со земја.

Дивоградбата кај „Мавровка“ се урива, Алити се закани со тужби

Рушењето започна во средата откако владата препорача Општина Чаир и ЈП Македонија пат да потпишат договор за тоа.

Груби: ДУИ бараше уривање на објектот пред Мавровка, дивоградба е и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот