Шестмина мртви во сообраќајка во САД близу границата со Канада
Б.Б.
Пред
САД Полиција/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Alamy / Profimedia
Шест лица загинаа синоќа во судир на две возила на автопат во северниот дел на државата Њујорк, близу границата со Канада, пренесуваат дел од американските медиуми.
Се работи за компаниски минибус што превезувал 15 вработени од компанија за соларна енергија и камион на рентање од компанијата „Пенске”. Двајца од лицата кои патувале во автобусот се сериозно повредени.
Судирот се случил во услови на лизгав пат – од синоќа во блискиот град Лиусвил снежните врнежи достигналe покривка од15 сантиметри. Од фотографиите се гледа дека возилата се судриле директно, на автопат со снежни наноси од двете страни. Автопатот бил затворен за сообраќај 12 часа.
Причината за сообраќајката сеуште не е утврдена, идентитетите на жртвите не се објавени, државната полиција на Њујорк соопшти дека случајот се истражува.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
По објавената сторија на „Слободен печат“ за никотинските кесички наречени „снус“ кои тинејџерите во земјава масовно ги употребуваат, а за дел од кои Министерството за економија тврди дека се нерегистрирани во нивните задолжителни регистри, со реакција се јави увозникот НОВА Груп ДОО преку претставникот Огнен Ќупев. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Тој смета …
Задачата на сите во Македонија од поединци па се до организираните структури е што е можно повеќе да создаваат основи за развој на пријателството со соседите и со другите земји како што тоа го прават Македонците на планот на почитување на религиските и други разлики со останатите етнички заедници во земјата, вели проф. д-р Цане …