Шест години затвор за двајца цариници

Затвор илустрација / Фото Архива

Пресуда за дел од цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази. Вчера скопскиот Кривичен суд казни четворица од осум обвинети цариници кои признаа вина за делото криумчарење.

„Двајца цариници се казнети на по шест години затвор, додека двајца добија условна казна од по шест месеци ако во наредните 2 години сторат друго дело. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди“, соопштија од обвинителството.

Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување на таблети, а четворицата царински службеници овозможиле прекурсорите да поминат на граница. Судската постапка продолжува за оние кои не признаа вина.

Кај 69-годишник од Доброште пронајдени се кокаин, марихуана и таблети екстази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот