Кај 69-годишник од Доброште пронајдени се кокаин, марихуана и таблети екстази

Фото: Фејсбук

 По вчерашното приведување на 69-годишник во тетовско Доброште во чиј дом беше најдена дрога, денеска судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

 При претрес со судска наредба, извршен вчера од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. (69) во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага. Тој беше приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок, по член 215 од Кривичниот законик беше изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По одредувањето на притворот, осомничениот е спроведен во Казнено поправната установа Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот