Шекеринска на средба со Шидер: Очекуваме вреднување на сработеното од ЕУ

Фото: МИА

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел се сретна со Андреас Шидер, копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата Шекеринска ги истакна приоритетите на нашата земја во следниот период поврзани со односите со Унијата и ставот кон новата методологија за преговори и проширување што ја препорачуваат некои од земјите членки.

– Владата останува посветена на реформскиот процес кој ги опфаќа владеењето на правото, судскиот систем, унапредувањето на демократијата – рече Шекеринска.

Додаде дека по успехот со НАТО граѓаните на нашата земја ја продолжуваат поддршката за членство во ЕУ.

– Уверени сме дека отворањето на преговорите со Унијата ќе биде силно охрабрување за земјата и за регионот и ќе придонесе кон негово натамошно стабилизирање. Ќе прифатиме секакви фер услови кои ќе произлезат од договорите за идната методологија но очекуваме нашите напори да бидат вреднувани – истакна министерката.

Копретседавачот Андреас Шидер рече дека напредокот на Македонија е евидентен и дека земјата заслужува позитивен став и доследност од страна на Унијата.

Тој најави дека Заедничкиот парламентарен комитет ќе ја интензивира својата работа и веќе идната седмица ќе се состане во Стразбур. Шидер ја истакна поддршката од Заедничкиот парламентарен комитет и рече дека односите ќе продолжат во истиот дух на разбирање и соработка, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот