Шекеринска: Како е возможно Милошоски да е недостапен за судските органи?

Во гостувањето на ТВ Тера во Битола, заменик-претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска го коментираше новиот закон за ЈО, како и постојаните опструкции со кои се соочуваше правосудството во изминатите години.

-Јас не можам да сфатам како може еден кандидат за пратеник во нашава изборна единица Антонио Милошоски да не е достапен за судските органи да прими покана за суд. Знаете што ќе се случуваше. Тој е сега во изолација нели. Па може сега да го најдат полесно. Ама пазете партијата која денес зборува дека ќе ја обновеле правната држава нејзините луѓе не одат на суд, не се појавуваат, бегаат. Некој од нас тоа да го направеше секој ден сам за тоа ќе зборуваа.

Тие имаат толку валкан образ, вели таа, што можат да си дозволат пред судот да не се појават, додаде Шекеринска

-А да се појавуваат на избори да доаѓаат во ДИК, да се потпишуваат да земаат плата како пратеници, тоа можат. Јас како граѓанин не можам тоа да го сфатам- вели Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот