Шефот за хуманитарни акции на ОН: Во газа секој ден се породуваат над 180 Палестинки во нехумани услови

Булдожер придружува пешадија на приодот кон Газа - Фотографија ЕПА, Атеф Сафади

Појасот Газа  стана  „непогодна за живот“ откако поминаа три месеци по ужасните напади на Хамас врз Израел, изјави денеска шефот на хуманитарните операции на ОН, Мартин Грифитс и предупреди дека здравствената состојба е катастрофална.  Преку 180 Палестинки секој ден се порудуваат во нехумани услови.

„Покрај тоа, жителите на Газа се „очевидци на секојдневните закани за сопственото постоење, додека светот гледа отстрана“, рече тој.

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, исто така, рече дека десетици илјади луѓе, претежно жени и деца, се убиени или ранети, дека семејства спијат надвор додека температурата паѓа и областите каде што на Палестинците им било кажано да се засолнат се бомбардирани. Има неколку делумно функционални болници се преполни и нема залихи, се шират заразни болести, а во услови на хаос, 180 Палестинки се породуваат секој ден.

Грифитс ги повтори барањата на ОН за итен прекин на војната и ослободување на заложниците.

„Време е меѓународната заедница да го искористи сето свое влијание за да се случи ова“, рече тој, додавајќи дека хуманитарните работници биле соочени со „невозможна мисија“ да пружат помош на повеќе од два милиони луѓе додека се убивани и додека продолжува прекинот на комуникацијата, а патиштата се оштетени, пукано е врз колони со камиони, а основната набавка на стоки речиси и да не постои.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот